ТРАМП СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИРИЈА, ЕРДОГАН АПЛАУДИРА Се затоплуваат односите меѓу Дамаск и Вашингтон

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара, Претседателот на САД, Доналд Трамп, и сирискиот лидер, Ахмед ал-Шара, покрај нивната директна средба, учествувале и на видеоконференција со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман. За време на онлајн разговорот, Ердоган ја поздравил одлуката на Трамп за укинување на санкциите против Сирија, нарекувајќи ја историска. Тој додал дека ваквиот потег може да послужи како пример за другите земји кои сѐ уште имаат активни санкции кон Дамаск.

162

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска се сретна со претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара во Ријад, потврди претставник на американската влада.

Како што пренесе ДПА, средбата се одржала во саудискиот главен град пред закажаната средба меѓу Трамп и лидерите на неколку земји од Заливот.






Ова е прва средба меѓу американски и сириски претседатели во последните 25 години. Средбата, исто така, се случува еден ден откако Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите воведени против Дамаск.

Трамп, кој е во Саудиска Арабија за првата етапа од неговата турнеја низ Заливот, изјави дека укинувањето на санкциите е шанса за земја, разурната од војна, „да блесне“.

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп „се согласил да го поздрави сирискиот претседател“.

Санкциите беа воведени од САД и од други земји како одговор на бруталната пресметка на поранешниот претседател Башар ал-Асад против демонстрантите во 2011 година и на насилството што неговиот режим го изврши врз цивилите за време на последователната граѓанска војна.

Асад беше соборен на почетокот на декември од исламистичка бунтовничка алијанса, предводена од ал-Шара, кој подоцна беше назначен за привремен претседател.

Некогаш бунтовнички лидер, ал-Шара оттогаш се откажа и од Ал Каеда и од Исламската држава. Сепак, остануваат сомнежи за тоа дали тој целосно ја напуштил екстремистичката идеологија и тој сè уште е на списоците на терористи на САД и ЕУ.

Ердоган ја поддржа одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Сирија

Во меѓувреме, турската државна новинска агенција Анадолија објави дека Трамп и ал-Шара, исто така, одржале онлајн средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман.

На онлајн состанокот, турскиот претседател изјави дека одлуката на Трамп за укинување на санкциите против Сирија е од историско значење. Според Ердоган, одлуката на САД ќе биде пример за другите земји што воведуваат санкции.

Турција ќе продолжи да ја поддржува администрацијата во Дамаск во нејзината борба против терористичките организации, особено против Исламската држава, рече и турскиот лидер.

Ердоган ги истакна и тековните напори на Турција „за запирање на спиралата на насилство во Газа“.

– Време е да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа – рече претседателот на Турција.

Поврзани содржини