НОВА РЕСЕТ РАБОТИЛНИЦА НА РЕПЛЕК Практични совети за добросостојба од д-р Митов

РЕсет платформата создава простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и благосостојба. Преку низа отворени активности, Реплек ја поттикнува изградбата на нови, здрави навики и однесувања кои придонесуваат за личен и колективен напредок.

707

Во организација на фармацевтската компанија Реплек, се одржа уште една РЕсет работилница, на која д-р Александар Митов сподели практични совети за подобрување на општата добросостојба. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците кои ги носи модерниот начин на живот и динамичното секојдневие, со акцент на балансирање на обврските со грижата за менталното и физичкото здравје.

Оваа работилница е дел од пошироката РЕсет платформа за добросостојба, која Реплек ја развива со цел да промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.






Во својата сесија, д-р Митов се фокусираше на клучните проблеми на современиот животен стил – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и зголемениот стрес. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој даде совети како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без потреба од драстични диети или нереални цели.

Работилницата понуди конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневниот живот и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалните услови и можности.

РЕсет платформата создава простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и благосостојба. Преку низа отворени активности, Реплек ја поттикнува изградбата на нови, здрави навики и однесувања кои придонесуваат за личен и колективен напредок.

Досега, како дел од оваа платформа, се реализираа и онлајн работилници со алпинистката и уметница Илина Арсова, како и со Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“. Дополнително, беа организирани и три настани за физичка активност со фитнес-инструкторката Елена Бубало. Активностите во рамки на РЕсет ќе продолжат и во наредниот период.

Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште една потврда за долгорочната заложба на компанијата да придонесува кон добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.

Поврзани содржини