„БРЗО И ЗАБАВНО ГОТВЕЊЕ“ В САБОТА ВО ВЕРО ЏАМБО Ќе биде промовирана новата книга на Давор Панчевски

Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно, порачуваат организаторите на настанот.

321

Во Веро Џамбо, на 10 мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen. Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија.

„Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно“, се вели во соопштението.






Посетителите на промоцијата ќе имаат можност да го купат новиот готвач, да дегустираат специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, да се запознаат и да се советуваат со авторот и, како што велат од организацијата на настанот, да уживаат во една убава атмосфера и вистинско кулинарско доживување.

Веро Џамбо ги кани сите љубители на вкусната храна кои ќе имаат можност да добијат инспирација за брзо и креативно готвење и да запознаат луѓе со слични интереси.

„Забавата од кујната на Dave’s Kitchen в сабота во Веро Џамбо ќе биде незаборавно гастро искуство!“, порачуваат од организацијата на настанот.

Поврзани содржини