📽 „СВРТИ НА SMOOTH“, НОВ СПОТ НА СКОПСКО Пивара Скопје со порака за пауза и уживање

Скопска Пивара порачува дека „Smooth ги слави сите оние моменти кога сфаќаме дека не мора да се вклопиме во нечија рамка, да ги следиме сите норми или трендови. Кога сме свои, без извинувања, светот ни се отвора со нови уживања и свежи моменти“.

210

Пивара Скопје го промовира новиот ТВ-спот „Сврти на Smooth“ со порака „Сврти на Smooth и освежи го денот на свој начин“.

Од компанијата порачуваат дека „во свет што сè побрзо се движи, Скопско Smooth нè потсетува дека понекогаш е доволно само едно мало ‘вртење’ за да направиме пауза и вистински да уживаме – на свој начин, без притисоци“.






„Aвтентичноста носи свежа перспектива, а да се биде свој е секогаш освежувачки. Тоа е оној момент кога на прашањето ‘Зошто?’, ти решаваш да кажеш ‘Зошто не?’. Afterwork во градина? Роденден на планина? Џакузи на тераса? Зошто не?“, се вели во соопштението.

Од Пивара Скопје велат дека „Smooth ги слави сите оние моменти кога сфаќаме дека не мора да се вклопиме во нечија рамка, да ги следиме сите норми или трендови. Кога сме свои, без извинувања, светот ни се отвора со нови уживања и свежи моменти. Во таа автентичност ја наоѓаме храброста да живееме отпуштено и да уживаме во малите нешта во животот“.

Фото: Скопска Пивара

Копманијата соопшти дека „новиот ТВ-спот „Сврти на Smooth“, кој преку свежа, инспиративна и визуелно привлечна приказна нè повикува да се поврземе со себе и да уживаме вистински – на состанок со мајка ни, џакузи во двор, или во маало со другарите и Smooth в рака“.

Пивара Скопје вели дека „како и досега, Скопско Smooth продолжува да ја поддржува македонската музика, овој пат преку соработка со младата група КЕМ, чијашто песна ‘Трипати’ е музичка подлога на спотот“.

„Со својата игривост и фанки енергија, песната е совршен партнер за сите моменти кога вртиме на Smooth. А кога ќе свртиш на Smooth и ќе си дозволиш момент на вистинска свежина – животот станува поедноставен. И поубав“, гласи завршната порака во соопштението на Пивара Скопје.

Поврзани содржини