РУСИЈА ЌЕ УДРИ ВЕДНАШ АКО УКРАИНА НЕ ЗАПРЕ НА 9 МАЈ Песков со остро предупредување до Киев

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи дека продолжува соработката на Русија со САД во преговорите за мирно решение на украинската криза.

610

Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на Денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

– Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на нашиот став. Огнот ќе престане, но ако режимот во Киев не обезбеди реципроцитет, а обидите за напад врз нашите позиции или нашите објекти продолжат, тогаш веднаш ќе следи соодветен одговор – рече Песков на прес-конференција.






Тој додаде дека продолжува соработката на Русија со САД во преговорите за мирно решение на украинската криза.

ЕВРОПА ПАК ВОЈУВА ПРОТИВ РУСИЈА ПОД НАЦИСТИЧКИ ЗНАМИЊА Лавров со остри критики и со паралели со Втората светска војна

Поврзани содржини