ПЕДОФИЛ НАПАДНАЛ ДЕТЕ, ТОА ВИКНАЛО ПОЛИЦИЈА Поднесено обвинение за полов напад врз малолетник

Обвинетиот, лани во август, почнал да го допира 15-годишното дете, во парк во Чаир, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Обвинетиот се обидел да избега и да се сокрие во влез од зграда, а детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот, информира Обвиителството.

131

Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена претходна постапка поднесе обвинение против 59-годишник, кој се товари за полов напад врз малолетник. Кривичното дело го извршил минатото лето.

Како што информира Јавното обвинителство, обвинетиот на 24 август 2024 година во парк во населбата Чаир извршил полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило дека ќе повика полиција. Во тој момент обвинетиот се обидел да избега и да се сокрие во влез од зграда. Детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела обвинетиот.






За обезбедување на обвинетиот во текот на постапката на сила се мерки на претпазливост определени од Основниот кривичен суд Скопје, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот, информира Јавното обвинителство.

Поврзани содржини