ЦЕЛА ЕВРОПА ЌЕ ДОЈДЕ ВО ТИРАНА Ќе биде пред нозете на Скендербег, вели Рама

400

Цела Европа ќе дојде во Тирана пред нозете на Скендербег, вели албанскиот премиер Еди Рама.

Тој додаде дека земјата мора да ги заврши преговорите со Европската Унија(ЕУ) до 2027 година, објави Клан Косово. Рама дополни дека на 16 мај цела Европа ќе дојде во албанската престолнина Тирана, додавајќи дека тоа не е случајно.






– Албанија треба да ги заврши преговорите со ЕУ. Цела Европа ќе дојде тука на 16 мај, пред нозете на Скендербег. Ова не е случајност – рече Рама.

Кон средината на минатиот месец, тој изјави дека веќе се почнати подготовките за големиот самит на НАТО во Албанија на 16 мај и дека лидерите на ЕУ ќе присуствуваат на вечерата еден ден претходно.

Албанија ги почна преговорите со ЕУ и според најавите на европските лидери, има шанси за брзо да влезе во ЕУ, односно до 2027 година. Истите шанси ги има и Црна Гора.

Поврзани содржини