СПОРТИСТИТЕ ОДДАДОА ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“

94

Со едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“, како симбол на задоцнетата институционална реакција точно во 12.05, родители, спортисти и граѓани им одадоа почит на 62 млади луѓе кои на 16 март ги изгубија своите животи во пожарот.

Кочани се обедини во чест на загинатите. Велосипедската тура во која учествуваа над 300 велосипедисти ја иницираа родителите и кочанската локална самоуправа.






– Дали треба да ни се случат трагедија за да си подадеме рака и да се сплотиме, да си бидеме поддршка и да сме сите задно. Заедно сме и даваме поддршка на сите повредени, посакувајќи им побрзо оздравување. Овде сме и не се откажуваме, ќе се бориме, не се предаваме. Заслужуваме одговори и инсистираме за нив – изјави Жаклина Пауновсска Ангеловиќ

Во трката се вклучени повеќе од 300 спортисти, а ќе има и спортисти кои ќе трчат.

Истрагата за дискотеката „Пулс“, како што претходно информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски, треба да заврши на 17 јуни.

Поврзани содржини