МИЦКОСКИ И МУЦУНСКИ НА СРЕДБИ ВО НАЈМОЌНОТО ПОЛИТИЧКО СЕМЕЈСТВО ВО ЕВРОПА Ги афирмираат македонските национални позиции за евроинтеграците

Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени. Нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа, порача од Валенсија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски учествува на Конгрес на Европската народна партија.

356

Афирмацијата на позициите на Македонија во контекст на ЕУ е главниот фокус на делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Христијан Мицкоски, која присуствува на Конгрес на Европската народна партија.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски најави дека ќе остварат повеќе средби во најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа.






„Како дел од делегацијата предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, два дена сме на Конгресот на Европската народна партија во Валенсија. Европската народна партија во моментот е најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа. Претседателот Мицкоски ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби. Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Бериша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис“, порача Муцунски.

Работиме на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција, додаде тој.

„Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени. Нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа“, порача од Валенсија министерот за надворешни работи Муцунски.

 

 

Поврзани содржини