ЈА ИЗМАМИЛА ДЕКА Ѝ Е ЌЕРКА НА ОБВИНИТЕЛКА Тетовчанка дала 2000 евра за „помош“ со предмет во Обвинителство
27-годишна жена сакала со мито да „среди“ предмет во Обвинителството, но на крајот останала без пари и без решен предмет.
27-годишна жена од тетовско село останала без 2000 евра, откако била измамена од друго лице кое ѝ ветило помош за нејзин предмет во обвинителство, тврдејќи дека има силни врски.
Како што информираат од СВР Тетово, вчера во 11:30 часот, жената пријавила дека на 15 февруари 2025 година, ѝ дала 2.000 евра на лице со иницијали К.Ј., кое се претставило како ќерка на обвинителка, ветувајќи ѝ дека ќе помогне нејзиниот предмет во обвинителството да се реши во нејзина корист.
Сепак, на 15 април добила официјален одговор од Обвинителството дека иницијативата ѝ е одбиена, по што сфатила дека станува збор за класична измама.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Ќе бидат испитани сите наводи и инволвирани лица“, соопштија од СВР Тетово.