УШТЕ 7,2 МИЛИОНИ ЕВРА МУ ДОЛЖАТ ТРГОВЦИТЕ СО СТРУЈА НА МЕПСО Љатифи уверува дека ќе ги наплати побарувањата

Директорот на МЕПСО Бурим Љатифи очекува долгот да се наплати бидејќи се преземени сите мерки за тоа..

366

Вкупниот долг кој треба да го наплати МЕПСО од  трговците со струја кои ги направија за време на енергетската криза изнесува 7,2 милиони евра, изјави денеска директорот на МЕПСО Бурим Љатифи.

Тој  рече дека очекува долгот да се наплати бидејќи се преземени сите мерки за тоа.






-Преземени се сите мерки за наплата на долгот на трговците со струја кои во текот на енергетската криза направија кои во текот на енергетската криза направија дебаланси во електроенергетскиот систем и во значителна мера ги ангажираа системските резерви на компанијата.  Дел од компаниите потпишаа договори за репрограмирање на плаќањето на долгот и редовно плаќаат, дел го исплатија, а кај останатите се активираат сите правни мерки за наплата, односно се покренати се извршни постапки – рече Љатифи.

Новиот менаџмент на МЕПСО е гарант, како што рече, дека нема да се повторат злоупотребите на менаџерските договори.

-Менаџментот се нафати сериозно да ја поправи ситуацијата. Најпрофесионално и посветено уште од првиот ден, па до последниот ден ќе ја вршиме нашата работа и нема да се повторат таквите појави – рече Љатифи.

Поврзани содржини