УКРАИНА Е СПРЕМНА ЗА БЕЗУСЛОВЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ Макрон по средбата со Зеленски

„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на 'коалицијата на добронамерните', започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

858

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот.

Во објава на мрежата X, тој рече дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.






„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на ‘коалицијата на добронамерните’, започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

Поврзани содржини