САМО КРИМИНАЛОТ БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН ВО ВЛАДЕЕЊЕТО НА СДСМ И НА ДУИ Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче
Единствената работа што беше организирана во владеењето на СДСМ и ДУИ беше криминалот. Вака одговори ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче кој денеска рече дека владината коалиција е нефункционална.
„А ако станува збор за организираност и наведувањата дека оваа Влада е неорганизирана, би констатирале само дека единствената работа во која што владата на СДСМ и ДУИ беше организирана беше криминалот, организираниот криминал, затоа и впрочем нема да се чепне или да се направи ревизија на работењето, а да не излезе од тоа некаква форма на организиран криминал правен од претходната влада во таа институција. Оттука, и логично е што на СДСМ ние им делуваме неорганизирано затоа што нивниот впечаток и критериум за организираност е исклучиво за организираност во некој криминал, тие не се навикнати на организирана работа на проекти, затворање дупки и реформи, затоа и ваква забуна се создава кај нив. За нив најорганизиран и за пример е веројатно нивниот партнер ДУИ со кои градат специфичен однос на ниво на политички и коруптивен садомазохизам, што може да е нов правец во политичката култура во државата“, се вели во реакцијата.