🎥 СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ Специјалци од Република Српска спречија апсење на Додик

544

Припадниците на СИПА пристигнале во Административниот центар на владата на Република Српска, каде што се наоѓал претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со цел да го приведат по налог на Судот на БиХ, кој против него издаде потерница.

Меѓутоа, акцијата на СИПА ја спречиле припадници на ентитетската полиција кои застанале во одбрана на претседателот на Република Српска.






​Инаку, СИПА е државна полициска агенција на Босна и Херцеговина, основана во 2005 година. Таа е под надлежност на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, но има оперативна независност. Седиштето се наоѓа во Источно Сараево, а агенцијата има регионални канцеларии во Бања Лука, Тузла и во Мостар.

Поврзани содржини