УКРАЛ 2.500 ЕВРА ПРЕКУ ФЕСТИВАЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид заработи кривична пријава
Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари. По извршените проверки во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, вели охридската полиција.
Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ го оштетил буџетот на оваа установа за 151.290 денари, односно околу 2.500 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Охридската полиција поднесе кривична пријава за 48-годишнио Г.С. за несовесно работење во службата.
Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари.
„По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека националната установа, претставувана од пријавениот, била оштетена за износ од 151.290 денари“, се вели во полицискиот билтен.