МВР ПРЕДУПРЕДУВА: „НЕ ГИ ОТВОРАЈТЕ ОВИЕ МЕЈЛОВИ“ Лажни пораки во име на ЕВРОПОЛ и полицијата

Од Секторот додаваат и важни препораки за заштита: „Граѓаните и правните субјекти не треба да отвораат прикачени документи кои доаѓаат од непознати или неверификувани испраќачи, ниту да одговараат на сомнителни пораки“.

672

Министерството за внатрешни работи денеска ја извести јавноста дека неколку граѓани и правни лица добиле лажни покани поврзани со наводна истрага, испратени од сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами“, порачуваат од МВР, посочувајќи дека Секторот за компјутерски криминал веќе презема мерки за идентификација и законско санкционирање на сторителите.






Од Секторот додаваат и важни препораки за заштита: „Граѓаните и правните субјекти не треба да отвораат прикачени документи кои доаѓаат од непознати или неверификувани испраќачи, ниту да одговараат на сомнителни пораки“.

Освен тоа, се препорачува компаниите да преземат соодветни мерки за заштита на своите компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, во согласност со нивните интерни политики за сајбер безбедност.

Поврзани содржини