КИНА ГИ ОТФРЛИ ТВРДЕЊАТА НА ЗЕЛЕНСКИ Пекинг негира дека испраќа оружје на Русија

Зеленски вчера ја обвини Кина дека ја снабдува Русија со оружје. Повикувајќи се на информации од украинските разузнавачки и безбедносни служби, Зеленски кажа дека испораките вклучуваат барут и артилерија, најавувајќи оти во текот на наредната недела ќе обелодени повеќе информации за кинеско-руската воена соработка.

200

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како „политичка манипулација и лага“ тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина и испорачува оружје на Русија.

– Кина ги отфрла лажните обвинувања и политичките манипулации. Кина никогаш не испорачала смртоносно оружје на ниту една од страните во конфликтот – изјави на редовната прес-конференција Лин Џиан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека сите производи што можат да се користат и за цивилни и за воени цели подлежат на строги проверки.






Зеленски вчера ја обвини Кина дека ја снабдува Русија со оружје. Повикувајќи се на информации од украинските разузнавачки и безбедносни служби, Зеленски кажа дека испораките вклучуваат барут и артилерија, најавувајќи оти во текот на наредната недела ќе обелодени повеќе информации за кинеско-руската воена соработка. Зеленски претходно го обвини Пекинг и дека одобрува регрутирање на кинески државјани за руската армија.

Кина официјално тврди дека е неутрална во војната меѓу Русија и Украина и повикува на „мирно и дипломатско решавање на конфликтот“. Москва и Пекинг, во февруари 2022 година, непосредно пред Кремљ да го започне нападот врз Украина, објавија „договор за партнерство без ограничувања“.

Поврзани содржини