„АЛКАЛОИД“ ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД Е АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК Компанијата е најпосакуван работодавец за 2024 година
„Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности“, соопштија од „Алкалоид“.
Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје по трет пат по ред е прогласена за апсолутен победник во категоријата „најпосакуван работодавец“ за 2024 година, според анкетата на национално ниво спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“.
Признанието беше доделено на манифестацијата организирана од порталот, каде беа наградени најдобрите компании во повеќе категории на база на анкетен прашалник.
„Ова признание претставува особена чест за нас и уште една потврда за нашата посветеност на негувањето на основните компаниски вредности“, соопштија од „Алкалоид“.

Од компанијата истакнуваат дека токму вработените се двигателот на нивниот успех:
„Нашите вработени со своето знаење и посветеност се движечката сила на секој наш успех. Во ‘Алкалоид’ остануваме посветени на грижата за вработените, како и на нивниот раст и кариерен развој, бидејќи веруваме дека луѓето се најценетиот капитал на нашата компанија“.
Покрај тоа, од „Алкалоид“ истакнуваат дека ќе продолжат да работат според највисоки етички и професионални норми.
„Низ визија, иновација и поддршка, продолжуваме да одржуваме работна средина која и натаму ќе претставува најпосакуван избор на компанија за вработување на младите луѓе“, додаваат од компанијата.
