ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ Еве како ќе работат шалтерите на МВР за Велигден
Во сабота (19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање лични документи во МТВ и Беко од 08.00 до 16.00 часот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, односно неговите организациони единици утре ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот;
Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
МВР ги известува граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање лични документи во МТВ и Беко од 08.00 до 16.00 часот.