📽 ШОКАНТНИ СНИМКИ ОД ДОМОТ НА ЏИН ХЕКМАН Имало измет и урина насекаде, пронајдена е крвава перница
На снимката, меѓу другото, може да се слушне како еден полицаец му кажува на друг дека почувствувал непријатен мирис.
Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе објави фотографии и снимки од домот во Ново Мексико на актерската легенда Џин Хекман и на неговата сопруга Бетси Аракава речиси 2 месеца по нивната смрт, објави Пејџ сикс.
Ова е материјал снимен од камерите на телото на полициските службеници. Некои делови од куќата биле во целосен неред, покриени со измет и урина. Во една од спалните соби е пронајдена перница со дамки од крв.
На снимката, меѓу другото, може да се слушне како еден полицаец му кажува на друг дека почувствувал непријатен мирис.
Во интервју објавено на 5 март, ќерките на Хекман, Елизабет и Лесли, рекоа дека тој и неговата сопруга биле многу приватни и не дозволувале слугинки да влезат во нивниот дом.
Рекоа и дека го виделе него и Бетси пред околу година и пол, кога заедно ручале.
За потсетување, Одделот за јавно здравје во Ново Мексико откри мртви глодари, измет и гнезда во 8 структури на нивниот имот, вреден 4 милиони долари, според извештајот до кој дојде TMZ.