СУДОТ ОДЛУЧИ ЗА ШЕСТЕ ПОЛИЦАЈЦИ, ОВА СЕ МЕРКИТЕ По седмиот трага полицијата, сите се сомничат за пожарот во „Пулс“

Мерките кои ги одреди судот за шестмината осомничени се: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиштето, редовно јавување во суд, забрана за контакти со останатите осомничени и забрана за извршување одредени работни активности.

3,124

Шест полициски службеници добија мерки за претпазливост, одлучи судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, откако попладнево беа спроведени во судот и се произнесоа по предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки на претпазливост. Седмиот полицаец, за кого исто така е побарана мерка, не е достапен за органите на прогонот, потврдуваат од полицијата.

Мерките кои ги одреди судот за шестмината осомничени се: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиштето, редовно јавување во суд, забрана за контакти со останатите осомничени и забрана за извршување одредени работни активности.






Сите тие се осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, кој однесе 61 човечки живот и повреди над 200 лица.

„Не постапиле по прописите, дозволиле објектот да добие лиценца иако не исполнувал безбедносни услови“, посочуваат од Обвинителството.

Според истрагата, во периодот од декември 2012 до јануари 2022 година, полициските службеници – вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани – не извршиле соодветна проверка пред издавањето на согласност за лиценца на локалот „Пулс“, што довело до катастрофалниот пожар.

Специјализираното одделение при ОЈО за гонење кривични дела сторени од полициски службеници, продолжува со предистражни дејствија со цел идентификување и на други лица инволвирани во случајот.

Обвинителството веќе отвори истрага против вкупно десетмина полициски службеници, од кои за седуммина побара мерки на претпазливост, а тројцата останати се веќе опфатени со други постапки. Против сите десетмина веќе е поднесена кривична пријава.

НОВИТЕ ШЕСТ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПРЕД СУДИЈА ПОРАДИ ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Кривичен одлучува за мерките за претпазливост

Поврзани содржини