🎥 ЏИНОВСКО ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ ПОСТАВЕНО ВО ДВОРОТ НА ТЕТОВСКАТА ЦРКВА Високо е 230 сантиметри, го донесоа со кран

Старешината на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, отец Александар Стојановски, рече дека во православието јајцето го симболизира животот.

2,806

Верниците од православна веросиповед во пресрет на големиот празник Велигден изработија Велигденско јајце со висина од 2,3 метри и го поставија во дворот од тетовската црква Свети Кирил и Методиј.

„За изработката на ова големо јајце користени се материјали како стиропор и гипс и други материјали што ги имавме дома. Направивме јајце високо 230 сантиметри, а обемот му е 160 сантиметри“, велат верниците од тетовските населби Певчина, Два Бреста и Поток кои учествуваа во изработката.






Старешината на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, отец Александар Стојановски, рече дека во православието јајцето го симболизира животот.

Денеска уште едно вакво јајце високо 1,7 метри, е поставено и во дворот на црквата „Св. Никола“ во Тетово.

Поврзани содржини