„ЌЕ ОДАМ ВО МОСКВА, НЕ Е 1939 ТУКУ 2025 ГОДИНА“ Фицо не се плаши од зборовите на Калас

На 9 мај ќе одам во Москва. Дали предупредувањето на (шефицата на европската дипломатија) г-ѓа Калас е форма на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но, знам дека е 2025 година, а не 1939 година, истакна словачкиот премиер.

389

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај. Тој ѝ одговори на шефицата на европската дипломатија Каја Калас која претходно предупреди дека Европската унија „нема несериозно да ги сфати ваквите посети“ на европски лидери, пренесе ТАСС.

– На 9 мај ќе одам во Москва. Дали предупредувањето на г-ѓа Калас е форма на уцена или сигнал дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но, знам дека е 2025 година, а не 1939 година – нагласи Фицо.






Тој вели дека е потребно сериозно да се разговара за мајданите кои, како што вели, ги организира Западот во земји како Грузија и Србија.

– Ова предупредување потврдува дека ни треба дискусија во Европската Унија за суштината на демократијата, за она што се случи во Романија и Франција во однос на претседателските избори, за мајданите што ги организира Западот во Грузија и Србија – додаде тој.

Истакнувајќи дека тој е легитимен премиер на Словачка како суверена земја, тој повтори дека никој не може да му диктира каде може или не може да патува.

– Ќе одам во Москва за да им оддадам почит на илјадниците војници на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на Словачка, како и на милиони други жртви на нацистичкиот терор. Исто како што им оддадов почит на жртвите на слетувањето во Нормандија, или на оние во Пацификот, или како што планирам да им оддадам почит на пилотите на РАФ – објасни тој.

– И да ве потсетам дека јас сум еден од ретките во Европската Унија кои постојано зборуваат за потребата од мир во Украина и не поддржуваат продолжување на оваа бесмислена војна – заклучи тој.

Поврзани содржини