АМЕРИКАНЦИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА НЕШТА ШТО НЕ ИМ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ Зеленски посочи дека само Украинците може да решаваат за својата национална територија
Мислењето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, веројатно е насочено против Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој учествува во разговорите за Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди американските претставници, кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина, да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА.
– Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со својата национална територија. За нас е црвена линија да не признаеме ниедна привремено окупирана територија како украинска, туку да ја признаеме како руска – рече Зеленски..
Тој изјави дека американските претставници кажуваат работи кои се надвор од нивната надлежност. Неговото мислење веројатно е насочено против Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Блискиот Исток, кој учествува во разговорите за Украина, забележува ДПА.
Виткоф минатата недела разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Санкт Петербург. Тој тогаш рече дека евентуалниот мировен договор ќе го реши и прашањето за таканаречените 5 територии.
По анексија на Крим пред 11 години, Русија, исто така, ги прогласи регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Украина за дел од руската територија во 2022 година. Со исклучок на Крим, Русија не контролира целосно ниедна од овие области.
Неодамна, шефот на руското надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, изјави дека Киев мора да се откаже од овие територии.