Пред една година тимот Peugeot TotalEnergies го претстави PEUGEOT 9X8, чија аеродинамика и каросерија беа 90% обновени од техничкиот тим на Peugeot Sport. Под тешки временски услови, автомобилот бр. 93 заврши деветти, додека болидот бр. 94 беше погоден на стартот. Од своето деби во април 2024 година, тимот со PEUGEOT 9X8 освои поени на шест од осумте трки на кои учествуваше, вклучувајќи ја и последната во Катар.
– На 1.812 км Катар, бевме во чекор со некои од нашите конкуренти и завршивме на првото место во втората група. Нашата задача сега е да се искачи напред во водечката група. Стратешки и оперативно, тимот многу добро се справува за време на трките од крајот на сезоната 2024. Ако продолжиме вака, можеме да се бориме за победнички резултати – рече Jean-Marc Finot, потпретседател на Stellantis Motorsport.
51 ден го делат завршетокот на првата трка во Катар од почетокот на 6 часа Imola, втората трка на 2025 FIA WEC. Автодромот Enzo e Dino Ferrari во Imola (4.909 км) има уникатен изглед. Прототипите на Hypercar поминуваат половина од своето време со полн гас, достигнувајќи 300 km/h на главната права пред да сопираат во Variante Tamburello.
Справувањето со метежот на возила е главен фактор на Imola, со 36 автомобили (вклучително 18 хиперавтомобили) кои ја делат тесната патека. Покрај тоа пролетното време во Еmilia-Romagna може да биде многу непредвидливо, што ја комплицира стратегијата за пневматиците. Возачите, инженерите, техничарите, всушност сите во тимот Peugeot TotalEnergies ќе мора да останат исклучителни фокусирани и будни овој викенд.
– Претходната година не го знаевме доволно добро овој нов PEUGEOT 9X8 во тркачки услови, ниту самата патека која само што е додадена на FIA WEC. Всушност, сезоната 2024 ја поминавме учејќи ја патеката со овој автомобил и одредувањето на пакетот на пневматици. На Imola, ќе биде прв пат да се вратиме на патеката под исти услови како и претходната година, па затоа ќе биде одличен репер за мерење на напредокот. Се тркавме на Losail по првиот круг од сезоната, потоа на Imola во март. За жал, ужасното време ја прекина сесијата за „учење“ на автомобилот, која за завршивме на патеката во Брселона – објасни Olivier Jansonnie, технички директор во Peugeot Sport.
Од 1.812 км Катар на крајот на февруари, тимот Peugeot TotalEnergies и возачите вложија многу напор.
Tимот продолжи со тест на долги патеки на Le Castellet и трка на Spa-Francorchamps. Последното помина многу добро, со суво и изненадувачки благо време за сезоната. Двајцата возачи брзо најдоа свое темпо, овозможувајќи му на тимот да постигне солиден напредок во поставките на шасијата и изборот на пневматиците за претстојната трка.
Во меѓувреме возачите го одржуваа својот натпреварувачки дух. Malthe, Mikkel, и Paul се натпреваруваа во LMP2 прототипови на 12 часа Sebring, а Jean-Eric Vergne и Stoffel Vandoorne учествуваа на формула E на патеката во Мајами пред да се одржи Imola.
Слободниот трениг и квалификациите за 2025 6 часа Imola ќе се одржат во петок 18 април и сабота 19 април. Стартот на вториот круг на 2025 FIA светскиот шампионат на долги патеки ќе биде во недела 20 април во 13 часот по локално време.