ЧЕТВОРИЦА СЕ ВРАЌААТ ДОМА Уште 60 повредени се лекуваат во странство по трагедијата во Кочани

Во странство и понатаму се хоспитализирани вкупно 60 лица, од кои неколку се во критична состојба, но нивната здравствена слика останува непроменета, соопштија од надлежното министерство.

113

Четворица од повредените граѓани во трагичниот пожар во Кочани денеска се враќаат во земјава откако беа на лекување во странство, информира Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекуваа во Хрватска, еден пациент во Шведска и еден во Италија.

Во странство и понатаму се хоспитализирани вкупно 60 лица, од кои неколку се во критична состојба, но нивната здравствена слика останува непроменета, соопштија од надлежното министерство.






Во земјава, пак, во моментот се лекуваат 7 повредени – четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, двајца во приватната болница „Систина“, а еден пациент на Клиниката за пулмологија.

„Континуирано ја следиме состојбата на сите повредени и во земјава и во странство. Наш приоритет е да обезбедиме најдобар можен третман и рехабилитација за секој пациент“, велат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека здравствените институции ќе продолжат со целосна логистичка и медицинска поддршка, се додека не се стабилизира состојбата на сите повредени.

Поврзани содржини