„АНГЕЛСКА КОСА“, НОВ ХИТ НА ЧОКОЛАДО Сладокусците се заситија од „Дубаи чоколадото“

Со цена од 21 евро за парче од 185 грама.

3,766

Љубителите на чоколадо имаат нов хит, откако веќе го искусија познатото Дубаи чоколадо. Станува збор за чоколадо наречено „Ангелска коса“ кое се произведува рачно во белгиската слаткарница „Tucho“ од Антверпен.






И ова чоколадо има уникатно полнење. Содржи традиционално турско слатко познато како пишмании (Pişmaniye) кое се прави со  мешање на брашно печено во путер во извлечен шеќер и потоа се формира во  фини прамени. Во него се додаваат и мелени ф’стаци  ванила, калинка и малина. Ова благо често се споредува со шеќерна волна, односно памук но неговите состојки се поинакви. Кога ќе се скрши, чоколадото открива нежни прамени кои личат на коса – што и го дава своето препознатливо име.

Со цена од 21 евро за парче од 185 грама, Angel Hair Chocolate спаѓа во категоријата луксузни чоколади.

 

 

Поврзани содржини