НА БЛАЦЕ УАПСЕНО ЛИЦЕ БАРАНО ОД ИНТЕРПОЛ На албански државјанин му е одреден притвор

Полицијата соопшти дека Основниот суд Скопје му одредил 30-дневен екстрадиционен притвор на лицето кое е пренесено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје.

594

Полицијата на граничниот премин Долно Блаце приведе 34-годишник од Албанија баран од Интерпол за трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 20.03.2025 на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(34) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“, се вели во полицискиот билтен.






Полицијата соопшти дека Основниот суд Скопје му одредил 30-дневен екстрадиционен притвор на лицето кое е пренесено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.

Поврзани содржини