ЌЕ СЕ ИЗВРШАТ ИНЖЕНЕРСКИ АНАЛИЗИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА НАДВОЗНИКОТ „ВЛАЈКО“ Проверката ќе чини 400.000 денари
Деновиве ќе почнат испитувања на безбедноста на надвозникот „Влајко“ во општина Карпош.
По јавниот повик од Општината избрана е фирмата ТСГ ИНДУСТРИ СЕРВИЦЕ ДОО Скопје, која ќе го врши испитувањето. Со фирмата е потпишан договор во вредност од 400.000 денари со ДДВ.
Инженерските анализи предвидуваат статистички пресметки и симулација на напрегања, визуелна, мерна и недеструктивна метода на испитување, утврдување на модел на напрегања и деформации, а фирмата исто така треба да изработи план за евентуална санација на челичниот мост „Влајко“, согласно дадените карактеристики од техничката спецификација.
Општината, согласно годишната програма за работа за 2025 година, пред повеќе од еден месец објави јавен оглас за ангажирање на компанија која ќе изврши инженерски анализи.