📷 НИТУ ЏЕНИФЕР, НИТУ АНЏЕЛИНА Оваа актерка Бред Пит особено ја сакал, таа по 27 години ја откри тајната на нивното раскинување

Додека се подготвува да се врати на големото платно во филмот „Marty Supreme“, каде глуми со Тимоти Шаламе, Гвинет Палтроу се осврнала за една од најпознатите љубовни приказни од 1990-тите - нејзината врска со Бред Пит.

3,846

Додека се подготвува да се врати на големото платно во филмот „Marty Supreme“, каде глуми со Тимоти Шаламе, Гвинет Палтроу се осврнала за една од најпознатите љубовни приказни од 1990-тите – нејзината врска со Бред Пит. Во интервју за „Венити фер“, актерката, која исто така беше со уште еден холивудски заводник – Бен Афлек, се присетила колку нивната врска била под лупата на јавноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Femme Fatale (@onparledemode)







„Тоа беше како да излегувам со принцот Вилијам или со некој сличен“, рекла оскаровката, алудирајќи на вниманието што го привлекувала нивната романса. „Секогаш ќе се зборува за тоа“.

И навистина, Гвинет и Бред беа олицетворение на холивудскиот гламур – таа млада ѕвезда во подем, а тој етаблиран заводник. Кога се запознале, таа имала 22, тој 29, а нивната љубовна приказна изгледала како бајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEST FILM PHOTO (@bestfilmphoto)


Љубовта започнала на снимањето

Нивната романса започна во 1994 година на снимањето на трилерот „Седум“, кој подоцна ќе стане култен филм. Искрата веднаш се запали, а нивната врска набрзо прерасна во сериозна љубовна приказна.

Во ноември 1996 година, парот ја објави својата свршувачка, на задоволство на милиони фанови. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, во јуни 1997 година, тие донесоа изненадувачка одлука – раскинаа, без објаснување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 00s Babe (@00s.daily)


Тешко раскинување и нови животни поглавја

Раскинувањето било особено болно за Гвинет. Таа подоцна признала дека во тој период сериозно размислувала да се откаже од улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“, кој подоцна и го донесе Оскарот за најдобра женска улога.

„Бев целосно уништена“, признала Гвинет во интервјуто за „Вариети“.

„Помислата да одам во Англија, далеку од сè, беше застрашувачка. Но, кога го прочитав сценариото, знаев дека морам да ја прифатам улогата“.

Нејзината одлука се исплатеше – филмот стана огромен хит, а таа освои и Оскар, Меѓутоа, во тој период, далеку од Холивуд, таа мораше да се справи со сопствените емоции и да го преболи љубовниот крах со Бред Пит.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Russell (@thekimbino)


Повторно пријателство и убави спомени

Со текот на времето, тие успеаја да го надминат минатото и да остварат пријателски однос.

„По раскинувањето, извесно време не бевме во контакт“, рекла Палтроу. „Но, пред околу 18-19 години, повторно се поврзавме и оттогаш останавме блиски“.

Денес, Гвинет не го крие воодушевувањето од нејзиниот поранешен свршеник. Зборувајќи за „Ентертејмент тунај“, таа топло зборувала за него: „Го обожавам. Тој е неверојатен човек – паметен, креативен, голем претприемач и едноставно добар човек. Јас сум негов огромен обожавател“.

Иако нивните животи тргнаа по различни патишта – Палтроу стапи во брак со Крис Мартин од „Колдплеј“, со кого се разведе, па ја најде среќата со Бред Фалчук, додека Пит зад себе има турбулентен љубовен живот, пропаднатите бракоив со Џенифер Анистон и со Анџелина Џоли – едно е сигурно: нивната приказна засекогаш ќе остане дел од холивудската историја.

 

Поврзани содржини