ТЕЛЕКОМ ДОНИРАШЕ 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Компанијата изрази длабоко сочувство кон семејствата
Македонски Телеком и Дојче Телеком донираа 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани.
„Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски. Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување“, се наведува во соопштението од Телеком.