СРПСКАТА НАФЕТЕНА ИНДУСТРИЈА БАРАА НОВО ОДЛАГАЊЕ НА САНКЦИИТЕ Првиот рок за одложување на санкциите завршува на 28 март

НИС е цел на санкции на американската влада поради руската сопственост во компанијата.

47

Српската нафтена индустрија (НИС) испратила ново барање до Министерството за финансии на САД за укинување и за одложување на санкциите, објавија српските медиуми.

Бидејќи рокот за првото одложување на санкциите истекува на 28 март, НИС ја повтори неопходноста од одложување за да можат руската и српската страна да се договорат за понатамошна работа.






„Првите дадени 30 дена не се доволни за да се договорат сите важни прашања“ наведуваат од НИС.

НИС  покрива повеќе од 50% од пазарот во Србија и е единствениот преработувач на нафта.

На 4 февруари компанијата, со поддршка на српската и унгарската влада компанијата, побара одложување за три месеци или 90 дена.

НИС е цел на санкции на американската влада поради руската сопственост во компанијата.

 

Поврзани содржини