ЗДРАВА ЗАМЕНА ЗА ЗАПРШКА За погусто и повкусно јадење
Со додавањето на оваа состојка во готвените јадења ќе добиеме и поздрава варијанта на запршка, бидејќи не се користи брашно, но исто толку добро ќе го згусне и јадењето
Во денешно време многумина од нас избегнуваат бел леб и брашно. Ова не е чудно ако се знае дека оваа храна е вклучена во списокот на едно од трите бели зла, како што велат за белиот шеќер, брашното и солта. Во потрага по алтернативи за нивна замена, најдовме многу поздрави и повкусни намирници, а една од нив стана исклучително популарна како замена при подготовката на запршката.
Ако мислевте дека зборуваме за презли или компири, не сте во право! Зборуваме за црвена леќа.