ПОДГОТВУВАЈТЕ ОБРОЦИ ЗАЕДНО Љубовта навистина оди низ желудникот, потврдуваат и истражувањата

Анкета спроведена меѓу 2.000 Американци покажала дека храната е универзален јазик на љубовта за речиси две третини од испитаниците, додека речиси половина од анкетираните сакаат да ги изненадат своите најблиски со вкусен оброк. Дури 53 проценти од нив, со зготвениот оброк сакаат да порачаат „Те сакам“, да изразат благодарност или да утешат сакана личност.

29

Секој ја слушнал изреката дека љубовта оди низ желудникот, но оригиналната изрека е всушност малку поинаква и вели „патот до срцето на мажот е низ желудникот“.

Иако потекнува од традиционално време кога жените биле првенствено домаќинки и готвачи за своите мажи, кои се поподготвени за романса по добар оброк, истата врска помеѓу храната и романсата важи и за женскиот пол.

– Човек не може добро да размислува, добро да сака или добро да спие ако претходно не јадел добро – е позната реченица од Вирџинија Вулф, една од многуте автори кои пишувале за врската помеѓу храната и љубовта.

Низ многу култури, храната и романсата се тесно испреплетени. Затоа, додворувањето за време на вечера, што е социјална навика, не е сосема бесмислено.

Покрај тоа, една студија покажала дека ако нарачате и десерт, имате поголеми шанси за романса. Сè има врска со хормоните на среќата: допаминот, серотонинот, окситоцинот и ендорфините кои се фантастична четворка хормони кои се директно одговорни за чувството на среќа. А познатата готвачка Џулија Чајлд еднаш рекла дека „Луѓето кои сакаат да јадат се најдобрите луѓе“.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини