ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПОЧЕТОК ДОДЕЛИ 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПОМОШ Парите се префрлени на сметката на Црвениот крст наменета за Кочани

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески рече дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст. 

275

Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. Ова е првична помош што Град Скопје ја доделува, а во најскоро време ќе биде доделена дополнителна помош.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески рече дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.






– Ова е првична помош за семејствата на настраданите во рамки на можностите на Буџетот на Градот. Во најскоро време сме подготвени за дополнителна помош за семејствата на настраданите – рече Славески.

Советот на Град Скопје ја почна денешната вонредна седница со оддавање почит на загинатите во трагичниот пожар во Кочани.

Поврзани содржини