ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АНДРЕЈ Хрватска Горица се прости од својот поранешен фудбалер

ХНК Горица преку социјалните мрежи објави емотивно соопштение во кое ја потврди смртта на младиот фудбалер, изразувајќи длабоко жалење и сочувство до семејството.

1,132

Хрватскиот прволигаш Горица се прости од својот поранешен фудбалер, 25-годишниот Андреј Лазаров, кој денеска трагично го загуби животот по повредите здобиени во пожарот што избувна за време на концертот на ДНК во кочанската дискотека „Пулс“.

ХНК Горица преку социјалните мрежи објави емотивно соопштение во кое ја потврди смртта на младиот фудбалер, изразувајќи длабоко жалење и сочувство до семејството.






„Нема зборови да се опише тагата што ја чувствуваме во овој момент кога соопштуваме дека Андреј Лазаров, нашиот поранешен играч, трагично почина по страотниот пожар што синоќа се случи во Кочани, Македонија. Андреј помина седум месеци во нашиот клуб, но ние ќе го паметиме засекогаш и ќе го чуваме во нашите срца“, се вели во пораката на Горица.

Лазаров во Горица пристигна во јануари 2024 година од Рудеш и одигра 14 натпревари, од кои 13 во минатата сезона и еден во тековната SuperSport HNL сезона, пред во септември минатата година да премине во редовите на македонскиот клуб Шкупи.

Иако македонскиот прволигаш Шкупи претходно денеска соопшти дека Лазаров е надвор од животна опасност, неговата состојба нагло се влошила, по што клубот околу 14:30 часот ја потврди трагичната вест.

Поврзани содржини