ЗНАМ ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА Надлежните институции да работат брзо, ефикасно и праведно

257

Во овие тешки моменти на болка и тага Движењето ЗНАМ за наша Македонија изрази длабоко сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани.

„Нашите мисли и молитви се со оние што ги загубија своите сакани и на семејствата на несреќно загинатите им посакуваме да ја издржат оваа незамислива загуба, а на повредените брзо закрепнување. Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас. Ги повикуваме надлежните институции да ја завршат својата работа брзо, ефикасно и праведно“, се наведува во соопштението од ЗНАМ.






Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистира сите надлежни органи и институции да се вклучат во брзо расчистување на оваа трагедија и сите одговорни и сторители да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Одговорност за сите виновни мора да има!“, повика ЗНАМ.

 

Поврзани содржини