ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СЕ ДОБЛИЖУВА ДО 3.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА Војната со царините ги исплаши инвеститорите
Утринава златото се продаваше за историски највисока цена од 2.990 долари за унца.
Ескалацијата на трговската војна со царинските стапки ги вознемири инвеститорите. Тие бараат побезбедно засолниште за капиталот, па цената на златото од почетокот на неделата се зголеми за 2,6%.
Утринава златото се продаваше за историски највисока цена од 2.990 долари за унца.
Од почетокот на годината цената на овој благороден метал се зголеми за повеќе од 14%.
Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрзо темпо на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати.
Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти. Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.