СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ ЈА ШТИТАТ МАЗУТ МАФИЈАТА КОЈА ГО ТРУЕЛА НАРОДОТ Измеќарите на СДСМ и на ДУИ ги чуваат бизнисите на нивните партиски газди
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица ги штитат криминалците од СДСМ и од ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра.
СДСМ и ДУИ, обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица ги штитат криминалците од СДСМ и од ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра. Судиите и обвинителите измеќари на СДСМ и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и ги опструираат процесите и правдата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвини дека мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДСМ и од ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут.
„Криминалците од СДСМ и од ДУИ и нивните бизнис фаворити како Асмир Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра. Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДСМ и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно. Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата порачува дека е време да се стави крај на системската корупција и на организираниот криминал и секој функционер кој сторил криминал да одговара.
„Спрегата помеѓу правосудството, СДСМ и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат. Времето на криминалци во политиката заврши“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.