СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА Дали се отпуштени или си заминуваат?
Највисок пад на број на работници има во текстилниот и кожарскиот сектор, а највисок пораст е забележан во секторот производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место од 29,2%.
Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3,5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1,7%, во секторот „преработувачка индустрија“ од 3,7 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 1,5%.
Според податоците, највисок пад на број на работници има во текстилниот и кожарскиот сектор, а највисок пораст е забележан во секторот производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место од 29,2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 2,6 %, кај „капитални производи“ за 5,3%, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,3% и нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8%, додека пораст бележи кај „трајни производи за широка потрошувачка“ од 22,3%.