ВОДОВОД ВИ ГИ БРИШЕ КАМАТИТЕ, НО ИМАTE РОК Скопјани добија шанса да ги подмират долговите без дополнителни трошоци

Акцијата на Водовод трае до 2 април 2025 година и овозможува отплата на рати без дополнителни трошоци.

481

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја информира јавноста дека започна акција со која граѓаните можат да ги подмират долговите за вода без пресметка на камата. Акцијата трае до 2 април 2025 година и овозможува отплата на рати без дополнителни трошоци.

„Сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода, било да е тужен или редовен, имаат можност да го исплатат без камата. Ги повикуваме граѓаните да ја искористат оваа поволност во предвидениот рок“, изјавија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.






Оваа одлука, сепак, не важи за државните институции, јавните претпријатија и агенции, кои не се опфатени со мерката.

По истекот на рокот, акцијата ќе заврши, а долговите повторно ќе подлежат на редовна пресметка на камати. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во „Водовод и канализација – Скопје“.

Поврзани содржини
na