ГРЕНЛАНЃАНИ ИЗБРАА НЕЗАВИСНОСТ Победи десничарската партија Демократи

Партијата Демократи која се залага за постепен пристап кон независноста на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9 отсто од гласовите, што е голем скок од 9,1 отсто што ги освои на изборите во 2021 година.

988

Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократи, победи на парламентарните избори во вторникот.

Партијата Демократи која се залага за постепен пристап кон независноста на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9 отсто од гласовите, што е голем скок од 9,1 отсто што ги освои на изборите во 2021 година.






Вториот најдобар резултат го постигна уште една  опозициска партија, Налераг, која освои 24,5 отсто од гласовите. Таа се залага за најбрз можен процес за стекнување независност и одвојување на Гренланд од Данска.

– Луѓето сакаат промени… Ние сакаме повеќе работни места за да ја финансираме нашата благосостојба. Не сакаме независност утре, сакаме добри темели – рече Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит и поранешен министер за индустрија и минерали.

Сега ќе разговара со другите партии за да се обиде да формира владејачка коалиција.

Владејачката партија Инуити Атакатигиит и нејзиниот партнер Сиумут, кои исто така следат бавен пат кон независност, освоија вкупно 36 отсто од гласовите, што е голем пад од 66,1 отсто што ги освоија пред четири години.

Право на глас имаа околу 44.000 Гренланѓани, од вкупно 57.000 што живеат таму. Тие избраа 31 член на локалниот парламент, како и на владата, а на гласачкото ливче имаше шест партии.

Гренланд е под контрола на Копенхаген во последните 300 години.

Доминантна тема на вчерашните избори била најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата земја ќе ја преземе контролата врз оваа автономна територија на Данска.

– Гренланд ни треба за национална безбедност. Тоа ќе биде наше, вака или онака – рече Трамп во говорот пред Конгресот минатата недела пред членовите на Претставничкиот дом и Сенатот.

Властите и на Гренланд и на Данска постојано ги одбиваа неговите барања. Премиерот Егеде јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека заслужува „да се третира со почит“.

Поврзани содржини