ЗНАМ ДЕКА ПУТИН САКА КРАЈ НА ВОЈНАТА Трамп вели дека потешко му е да преговара со Украина
Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека му е полесно да преговара со Русија отколку со Украина.
– Вашингтон ќе ја прекине помошта за Киев доколку тој не е подготвен да го реши конфликтот преку преговори – предупреди тој пред новинарите во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната и дека му е потешко да се справи со Украина, велејќи дека „тоа ќе го среди и ќе ја запре“.
Во интервјуто за „Фокс бизнис“ што ќе се емитува викендов, чии делови објави „Индепендент“, на прашањето дали верува дека Путин сака да ја заврши војната, Трамп одговори дека верува во тоа.
Трамп ова го изјави во период кога неговата администрација се обидува да постигне мировен договор меѓу Русија и Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во меѓувреме соопшти дека имал „конструктивен разговор“ по телефон со американскиот државен секретар Марко Рубио, со кого разговарале за претстојната средба меѓу делегациите на двете земји следната недела во Саудиска Арабија.
„Украина сака војната да заврши, а американското раководство е суштински фактор за постигнување траен мир. Разговаравме и за начините за развој на нашата билатерална соработка“, напиша Сибиха на „Икс“.
Украина сака мир „што е можно поскоро“, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерно видео обраќање пред средбата со американски претставници идната недела и поради критиките од Вашингтон дека не сака да преговара за мировен договор со Русија.
– Во текот на денот имаше многу интензивна работа на различни нивоа со тимот на Трамп, со голем број разговори. Темата е јасна: мир што е можно поскоро – рече украинскиот претседател.