МЛАД ВОЗАЧ УДРИ ВЕЛОСИПЕДИСТ, ИТНАТА ПОМОШ КОНСТАТИРАШЕ СМРТ 78-годишен скопјанец загина на самото место, сторителот зад решетки
Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено на обдукција.
78-годишен велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на булеварот Киро Глигоров во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„На 05.03.2025 година во 00:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило мицубиши аутлендер со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В. (26) од Скопје, удрило во велосипедистот Б.К. (78) од Скопје. Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопштија од МВР.
Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено на обдукција.
„Возачот К.В. веднаш бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кисела Вода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од Министерството.
Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на место на сообраќајна несреќа во Скопје
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за несреќата и евентуалната одговорност. Непосредно по настанот, кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, меѓутоа сепак се земени примероци од крв и урина за дополнителни анализи. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за обезбедување на евентуални снимки од видео надзор. При увидот на лице место беше вклучен и сообраќаен вештак, а автомобилот е испратен на вонреден технички преглед“, соопштија од ОЈО Скопје.