📽️ „ШТО НОСИШ ТИ?!“ Адам Сендлер дојде на доделувањето на Оскарите во дуксер и патики

Холивудскиот актер Адам Сендлер во неделата на церемонијата на Оскарите се појави во тренирка, што ги шокираше многумина.

882

Холивудскиот актер Адам Сендлер во неделата на церемонијата на Оскарите се појави во тренирка, што ги шокираше многумина.

Адам Сендлер оваа година не беше номиниран за престижна награда, но тоа не го спречи да привлече внимание.






Веднаш по говорот на водителот Конан О’Брајан, кој ја отвори церемонијата, Адам стана главна тема. Имено, актерот се појави во син дуксер, поради што колегата му се обрати од сцената.

„Адам, што носиш? Ти си облечен како тип кој игра видеопокер во два часот наутро“, рече О’Брајан.

„Никој не ни помисли што носам додека не го спомна тоа. Ми се допаѓа како изгледам. Затоа што јас сум добар човек. Не ми е гајле што носам или што не носам. Моите фенси шорцеви и мек дуксер те навредуваат толку многу што мораше да ме исмејуваш пред моите колеги“, рече Сендлер, кој набрзо ја напушти собата.

Поврзани содржини