БОКИ 13 Е НА СЛОБОДА Апелација му ја намали казната од 9 на 5 години затвор
Судиите ја донеле пресудата поради нови околности во врска со здравствената состојба на осудениот.
Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Рекет“ од 9 на 5 години затвор, објави Скопје1. Со ова, Јовановски е слобода.
Како што пишува медиумот, судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, во кои е опишана здравствената состојба на осудениот, а е потпиша од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Освен што се констатира дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема терапии, доктори и услови, во документацијата се нотира и дека тој има инвлидитет, бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и од тенкото црево. Во документацијата има и извештаи за неговата состојба по 2 живото-загрозувачки операции додека бил во затвор. Има документација и дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведе до фатални последици.
Судиите пред нив имале неколку опции при донесување на одлуката. Една можност е да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата, што и го направиле.
Боки 13 беше осуден на 9 години затвор за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари, во предметот Рекет, во кој на 7 години завр беше осудена поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева.
Јовановски моментно е надвор од затвор, со отпуст за лекување.