📽️ 17-ГОДИШНИК ФАТЕН СО 200 КЕСИЧКИ МАРИХУАНА Полицијата приведе малолетен дилер во Аеродром

Полицијата информира дека за случката е известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

519

Седумнаесетгодишно момче е приведено откако кај него биле пронајдени 200 кесички марихуана.

„Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица“, соопшти МВР.






По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Поврзани содржини