СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ РАКЕТА СО МОЖЕН НУКЛЕАРЕН КАПАЦИТЕТ Ким Јонг Ун лично го надгледуваше тестот

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, ги повика севернокорејските вооружени сили да ги бранат суверенитетот и безбедноста на земјата „со сигурен нуклеарен штит“, додаде КЦНА, пренесена од германската агенција.

127

Северна Кореја неделава изврши стратешки тест за крстосувачка ракета кај нејзиниот западен брег за да ги покаже своите способности за нуклеарно одвраќање, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг, пренесе ДПА.

Корејската народна армија (КПА) го спровела тестирањето на ракетата во средата наутро, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, објави државната агенција КЦНА.






Ким ги повика севернокорејските вооружени сили да ги бранат суверенитетот и безбедноста на земјата „со сигурен нуклеарен штит“, додаде КЦНА, пренесена од германската агенција.

Агенцијата објави дека проектилите „прецизно“ ги погодиле своите зададени цели откако повеќе од 2 часа летале по овална траекторија, долга 1.587 километри.

Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека употребата на зборот „стратешки“, од страна на Пјонгјанг, во опишувањето на ракетите од вежбата во средата, може да сугерира дека тие би можеле да имаат нуклеарни капацитети.

Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестирања во текот на изминатите 2 години, додека ја заостри својата реторика против САД и Јужна Кореја и ја зајакна и воената соработка со Русија, потсетува ДПА.

Поврзани содржини