📷 НОВАТА ДЕВОЈКА НА ЏУД БЕЛИНГЕМ КРИЕ ГОЛЕМА ТАЈНА? Велат дека оваа убавица е „девојка за една ноќ“
Навивачите тврдат дека таа работи за сајт за возрасни, но и дека имала повеќе од 50 љубовници, што е повеќе од головите и асистенциите на Англичанецот во неговата кариера.
Џуд Белингем, една од фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид, неодамна на јавноста ѝ ја претстави својата нова девојка Ешлин Кастро. Многу навивачи го исмеваат Англичанецот дека неговата девојка е „луксузна ескорт дама“.
Токму за време на натпреварот против Жирона, англиските и шпанските медиуми беа изненадени кога на трибината на стадионот ја видоа убавата Ешлин Кастро во придружба на Џуд и неговата мајка како заедно го следат натпреварот. И тоа беше доволно новинарите да се фокусираат на ликот и делото на девојката на Белингем.
И веднаш открија дека Ешлин Кастро (27) е шест години постара од Џуд Белингам (21), и дека има многу интересна биографија. Она што особено ја интригира јавноста е дека е откриена големата тајна на американската убавица. Нејзиниот профил е пронајден на веб-страница која нуди услуги за придружба. Излегува дека девојката на Џуд се забавувала со бројни НБА играчи, особено со ЛаМело Бол, како и со актерите Мајкл Б. Џордан и Џејми Фокс.
Освен тоа, некои медиуми шпекулираат и за возраста на Ешлин Кастро. Тие пишуваат дека таа би можела да има 32 години, што ја прави 11 години постара од играчот од средниот ред на Реал Мадрид. Сепак, гласините за возраста беа отфрлени од Ешлин кога објави белешка на нејзината приказна на Инстаграм, пишувајќи:
– Луѓе кои лажат за моите години, имам 27. Тие измислуваат приказни за мене, ме поврзуваат со толку многу луѓе со кои не ги познавам или никогаш не сум имал романтични врски, отишле предалеку.
View this post on Instagram
Познатата инфлуенсерка и манекенка Ешлин Кастро сѐ уште не ги коментирала пишувањата на англиските и шпанските медиуми. Таа има повеќе од 425.000 следбеници на Инстаграм, а интересно е што нејзините фотографии не ги објавува толку често на социјалните мрежи. Треба да се напомене дека убавата Ешлин речиси го удвои бројот на своите следбеници, бидејќи пред да потврди дека е во врска со Џуд Белингем, на Инстаграм имала 225.000 следбеници.
Сè уште не е познато кога и како се запознале Џуд Белингем и Ешлин Кастро. Медиумите ги поврзуваа уште во ноември минатата година, кога таа беше забележана на трибините на стадионот Сантијаго Бернабеу. После тоа, Ешлин беше забележана на трибините со семејството на Белингем, за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Салцбург (5:1). Следниот ден, Кастро и Белингем беа фотографирани како се среќаваат во Мадрид.
View this post on Instagram
Ешлин Кастро е родена во Америка, во Лос Анџелес. Таа е многу влијателна на социјалните мрежи и ја изгради својата кариера благодарение на нејзината популарност. Таа често објавува фотографии и ја рекламира гардеробата на познатите модни производители, сака луксузни патувања и хедонистички начин на живот.
Според англиските и шпанските медиуми, богатството на Џуд Белингам се проценува на импресивни 50 милиони долари, додека финансиската состојба на Ешли е далеку поскромна. Извештаите покажуваат дека Американката има само 100.000 долари на нејзината банкарска сметка, а за тоа наводно дознала во јануари 2025 година.
Сепак, и покрај нееднаквоста, кариерата на Ешлин како модел и инфлуенсер постојано расте. Брендовите се желни да соработуваат со неа и се чини дека е само прашање на време кога нејзиниот финансиски успех ќе ја одрази нејзината растечка популарност. Без разлика, се чини дека на Џуда и Ешлин не им е грижа што велат медиумите.
„Девојката на Белингам имала повеќе дечковци отколку тој што има голови и асистенции во цела кариера“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи.
For data and stats lovers:
Bellingham’s girlfriend has had more boyfriends than he has had goals and assists in his entire career. pic.twitter.com/JbdEkcXgPU
— F N T (@FNT_TIPS) February 25, 2025
Корисник на социјалната мрежа Х објави слика од веб-страницата „DynastySeries.com“, тврдејќи дека се работи за луксузна услуга за придружба и дека го има профилот на Ешлин Кастро. Сепак, фотографот Брајан Паркер, кој претходно соработувал со неа, набрзо ја разјасни ситуацијата.
– Оваа страница користи фотографии од мојот Инстаграм профил од професионални снимања. Ешлин никогаш не била поврзана со веб-страници за возрасни, како што тврдат некои. Сите овие „ексклузивни фотографии“ се јавно достапни на Инстаграм – напиша Паркер.
Brutale Vorwürfe gegen Bellinghams neue Freundin! 🤯
Jude Bellingham hat erst kürzlich seine Beziehung zu Ashlyn Castro öffentlich gemacht. Am Samstag waren Beide zum ersten Mal gemeinsam im Santiago Bernabeu Stadion. Doch in den sozialen Medien tauchen plötzlich Bilder auf, die… pic.twitter.com/2p6XM05DdS
— Fussballfc (@Fussball_fc) February 25, 2025