ЛАВРОВ Е ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА ТРАМП ЗА ГАЗА „Раселувањето на Палестинците е поставување темпирана бомба“

Прашањето за создавање палестинска држава е клучно и ако има обид да се поткопаат овие одлуки на Советот за безбедност и да се замени создавањето на палестинска држава со преселување на Палестинците низ целиот регион, тоа само ќе постави темпирана бомба, како што се случуваше повеќепати во текот на долгите децении игнорирање на барањата за решение за две држави, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

318

Наместо да се имплементира решение за две држави, раселувањето на Палестинците, од Појасот Газа во земјите во регионот, само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

– Прашањето за создавање палестинска држава е клучно и ако има обид да се поткопаат овие одлуки на Советот за безбедност и да се замени создавањето на палестинска држава со преселување на Палестинците низ целиот регион, тоа само ќе постави темпирана бомба, како што се случуваше повеќепати во текот на долгите децении игнорирање на барањата за решение за две држави – рече Лавров на прес-конференцијата за време на посетата на Катар.






Тој изјави дека разговарал со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани за руско-катарски состаноци на различни нивоа, вклучувајќи го и планираниот состанок на меѓувладината комисија во Москва, во март.

– Покрај тоа, претстојат контакти меѓу одделите за надворешна политика и постои интерес од двете страни за средби на високо ниво – додаде Лавров.

Поврзани содржини